Сместување со 4
супериорни ѕвезди
Хотел Романтик Плаза, синоним за беспрекорна услуга во хотелско сместување и угостителство, ја продолжува својата приказна во Стар Дојран, туристички бисер во Јужна Македонија.
Гордо позициониран со поглед кон Дојранското езеро, Хотел Романтик Плаза е подготвен да ја чува тајната на непредвидливото езеро кое ги врзува многу легенди. Едниот зборува за генезата на Дојранското Езеро како резултат на возбудена девојка по име Дојрана која од возбуда и заборавила да го затвори бунарот кога слушнала дека нејзиниот сакан се вратил од војната. Хотел Романтик Плаза со своја приказна достојно ја следи историјата напишана со бледо мастило на кое му недостигаат раскажувачи.

